Храна и Здравје

Овој појадок ги чисти цревата, ги топи килограмите и одличен е за здравјето

Овесната каша се смета за еден од најздравите појадоци, додека многумина не можат да го замислат утрото без својата омилена каша. Освен тоа што ги чисти цревата, таа е идеален избор за слабеење, па поради тоа е составен дел од разни диети.

На прво место, овесната каша е преполна со растителни влакна и подолго време ќе бидете сити. Второ, студија од 2016 година објавила дека појадокот направен од јаглехидрати со „побавно ослободување“, како што е овесната каша или житарките, кој се консумира три часа пред вежбање може да помогне да согорите повеќе масти.

Консумирањето јаглехидрати со „бавно ослободување“ не го зголемува шеќерот во крвта толку многу како што тоа го прави консумирањето рафинирани јаглехидрати (пример бел леб).

За возврат, нивото на инсулин не расте толку високо. Поради тоа што инсулинот има улога во сигнализирање на вашето тело да ги складира мастите, ниското ниво на шеќер во крв може да ви помогне да ги согорите мастите.

Состојки

  • овесни снегулки без додатоци (само овес);
  • 1 лажица какао;
  • 1 лажица лешници;
  • 2 лажици суво-грозје;
  • 1 кисело јаболко (или овошје по избор: банана, боровница, брусница);
  • 1 лажица ленено семе;
  • 1 лажица чиа семе;
  • вода;
  • 1 лажица мед.

Подготовка


Во чинија помешајте ги сите состојки, количината овесни снегулки е по желба. Додадете топла вода и мед, а потоа и јаболкото или другиот вид овошје, па измешајте. Додадете ги и останатите состојки, па повторно измешајте. После пет минути може да ја консумирате кашата.

Ваквиот појадок ќе ве држи сити со часови, односно до ручекот.