Храна и Здравје

Популарен пијалок кој може да предизвика ќелавост: Губењето на косата е само едно од штетните ефекти

Пијалоците што ги консумираат милиони луѓе ширум светот, главно млади луѓе, можат да предизвикаат опаѓање на косата, предупредуваат лекарите, а тоа не е се…

Пиењето неколку енергетски пијалоци неделно може да го зголеми ризикот од ќелавост, вели д-р Абдулазиз Балви.

– Виновни се одредени хемикалии во енергетските пијалоци. Кога се земаат прекумерно, одредени елементи како што се кофеинот и селенот може да станат токсични. Селенот и витаминот А се токсични за косата кога се земаат во големи дози, а можат да предизвикаат и алопеција, односно опаѓање на косата – објасни тој.

Некои енергетски пијалоци може да содржат 113 отсто од препорачаната дневна доза на витамин А, 100 отсто селен и до 150 милиграми кофеин, што е речиси двојно повеќе од една шолја црно кафе.



Ризик и од други состојби

Прекумерното уживање во овие пијалоци е поврзано со зголемување на катехоламините, односно хормоните на стресот.


“Енергетските производи се сметаат за фактор на ризик за дијабетес и метаболички заболувања. Проблематични се и сите слатки пијалоци кои содржат сируп од пченка, декстроза, фруктоза, пченкарен сируп со висока фруктоза, мед, лактоза, сируп од слад, малтоза, меласа, суров шеќер и сахароза” наведува д-р Балви и предупредува:

“Претерано засладените пијалоци се поврзани со низа здравствени проблеми како што се дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, бубрежна дисфункција, безалкохолна цироза на црниот дроб, расипување на забите, артритис и гихт”

Поранешни студии



Студијата објавена во списанието “Nutrients” во 2023 година открила врска помеѓу пијалоците засладени со шеќер, вклучително и енергетските пијалоци, и губењето на косата кај мажите.

Откриено е дека мажите на возраст меѓу 18 и 45 години се изложени на поголем ризик од ќелавост доколку редовно ги консумираат овие пијалоци.