Храна и Здравје

(ФОТО+ВИДЕО) Имал главоболки и треперења, а кога докторите му ја снимила главата, се шокирале: Еве што извадиле од внатре!

Пациентот по име Чен им кажал на лекарите дека почнал да чувствува треперење во рацете и нозете пред 17 години.

Жив црв долг нешто помалку од 13 сантиметри е отстранет од мозокот на 23-годишен Кинез по 17 години.

Како што рекол, почнал да чувствува вкочанетост во рацете и стапалата од шестата година, а во болница отишол дури откако изгубил чувство во десната половина на горниот дел од телото. Лекарите мислеле дека се работи за инфекција предизвикана од јадење сирово или полуварено егзотично месо, како жаби или змии, пишува „Дејли мејл“.

Приказната излезе на виделина откако хирурзите во вторникот успешно извадија црв од мозокот на младиот човек во универзитетската болница во провинцијата Џиангсу во источна Кина.

Пациентот, по име Чен, им кажал на лекарите дека почнал да чувствува треперење во рацете и нозете пред 17 години, а повремено имал главоболки и мачнини. Бидејќи и неговите родители имале проблеми со движењето на екстремитетите, Чен ги игнорирал симптомите и никогаш не отишол во болница верувајќи дека тоа е генетски проблем. На крајот побарал помош во 2015 година, откако изгубил чувство на болка во горниот дел од телото. – Не ја чувствував раката и не можев да ја подигнам – рече Чен.

По скенирањето, лекарите пронашле извиткан паразит во мозокот на пациентот, а на Чен му беше дијагностицирана sparganosis mansoni, ретка паразитска болест.

Иако сè уште ја утврдуваат точната причина за неговата состојба, лекарите велат дека неговата инфекција е резултат на тоа што пиел загадена вода или јадел недоволно варено месо од диви животни. – Штом црвот ќе влезе во телото може да предизвика сериозни инфекции. Паразитот би го „изел“ мозокот и би ја оштетил неговата функција, што предизвикува вкочанетост на рацете и нозете – изјавил за новинарите еден медицински работник.

Чен сега полека и успешно закрепнува откако лекарите му извадиле црв од мозокот кој бил долг нешто помалку од 13 центиметри.

Видеото можете да го погледнете ТУКА!