Храна и Здравје

Хит рецепт: Чоколадо кое секој сака да го проба!

Воодушевете ги вашите сетила за вкус со неодоливиот вкус на чоколадото од Дубаи, кое го освои светот и стана хит во слаткарниците!

Ова вкусно уживање со крем од ф’стаци и крцкав кадаиф стана вистински феномен, а сега ова совршено уживање можете да си го приготвите дома. Следете го нашиот едноставен рецепт и откријте зошто чоколадото од Дубаи стана омилен избор на сите слатки заби!

Ако досега не сте имале прилика да пробате чоколадо од Дубаи, време е да го направите тоа – сите што го пробале се воодушевени од неговиот вкус! Чоколадата од Дубаи преку ноќ доби глобална популарност, а нејзиниот неодолив вкус го освои целиот свет. Слаткарницата „The Fix“ го претстави овој десерт со крем од ф’стаци и кадаиф, кој веднаш беше прогласен за еден од најдобрите. Ви пренесуваме рецепт кој сигурно ќе ве воодушеви!

Состојки:

400 гр чоколадо по избор (темно или млечно)
30 гр путер
150 гр кадаиф
200 гр крем од ф’стаци

Подготовка:

Растопете го чоколадото и рамномерно распоредете го на калапот кој сте го обложиле со хартија за печење. Калапот може да биде силиконски или обичен, како оној за леб. Сите рабови на калапот премачкајте ги со чоколадо.

Подгответе го кадаифот така што ќе го исечкате, ќе го стопите путерот и ќе ги измешате. Пржете ја смесата додека кадаифот не добие златно кафеав и крцкав.

Загрејте го кремот од ф’стаци и измешајте го со крцкавиот кадаиф. Прелијте ја смесата врз слојот чоколадо во калапот.

Прелијте ја смесата со остатокот од чоколадото и ставете го во фрижидер да се стегне.

Откако ќе се излади темелно, вашето Дубаи чоколадо е подготвено за дегустација! Пријатно!