Автомобили

Автомобилот на Доналд Трамп продаден по само 90 секунди!

Неодамна беше одржана аукција на која што се најде еден од автомобилите на Доналд Трамп и несомнено привлече многу внимание!

Станува збор за Lamborghini произведено во 1997 кое е препознатливо по сината боја. Лицитацијата траела малце подолго од 90 секунди а Ламборгинито е продадено за рекордни 1.1 милиони долари.

Аукциската куќа Берет Џексон ја организираше аукцијата во којашто наравно главна тема беше колата на Трамп. Lamborghini Diablo VT Roadster, еден од вкупно 132 примерока но единствен со озанка “Donald Trump 1997 Diablo”

Интересно е тоа што од моментот на продизводство до денешен ден колата има пројдено само 24,834 километри.