Автомобили

Ако имате околу 3 милиони евра “за така”, ова дефинитивно е возилото за вас

Високите критериуми на “Pagani” редовно вклучуваат бескомпромисни перформанси, „V12“ дијамант и безобразно висока цена.

За најновиот модел Орасио Пагани ја добил идејата додека гледал трка во „IndyCar“ кога му паднало на памет да направи отворена верзија на својот автомобил, и тоа во комбинација продолжен заден крај.

Резултатот е „Huayra R Evo“, односно автомобил кој со карактеристиките доаѓа до Ле Ман каде може да се носи со бројни тркачки прототипови. Под „капакот“ и натаму има 6.0 V12 HWA мотор, но дури откако минал уште една серија на модификации.

Со новата електроника максимумот е кренат на 900 коњски сили и 770 Nm, а моторот се врти се до 9.200 o/min. Погонот и натаму е на задните тркала преку шест-степенски секвенционален менувач, како што и одговара на автомобил од овој калибар.

Каросеријата на „Huayra“ е продолжена за 190 мм, а панелите со кои е покриен моторот може да се отстранат. Интересно е дека аеродинамиката е подобрена за 21 процент, а потисната сила за дури 45 проценти. При 320 км/ч автомобилот има поголема потисна сила од својата маса која изнесува дури 1060 килограми.

„Pagani“ не објавил колку примероци ќе произведе, како ни по која цена ќе бидат понудени. Познато е само дека клиентите покрај болидот ќе добијат врвна услуга која вклучува организирана посета и настап на најпознатите светски патеки.

Сепак, ако судиме по цената на неговиот претходник, за вакво нешто во гаражата ќе мора да издвоите околу 3 милиони евра.