Автомобили

[ВИДЕО] Вучиќ оптимистичен: За три години ќе имаме летечки автомобили во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во последните три дена двапати најави дека Белград ќе има летечко такси во 2027 година.

„Во моментов Кинезите се единствените во светот способни за тоа што ни е целта, а тоа е “Expo” 2027. И тоа ќе биде една од темите, колку и да ви изгледа чудно на вас или мене. Ќе дадеме се од себе да бидеме први или втори во Европа што ќе воведат летечко такси до 2027 година“, изјави денеска Вучиќ.

Вучиќ ги најави летечките автомобили пред два дена како гостин на телевизискиот канал на неговиот омилен таблоид Информер.

Таму рече дека многумина му се смеат кога ги спомнува летечките автомобили и повтори дека доколку во меѓувреме нема поголеми безбедносни проблеми, Србија до 2027 година ќе има летечко такси за “EXPO”.

„Ќе имаме летечко такси за EXPO, за да покажеме како изгледа. Работиме со две компании, едната е француска, едната е веројатно австриска или германска. А работиме и со Кинезите“, рече Вучиќ.