Автомобили

(ВИДЕО) Овој подол трик го користат ограбувачите на автопат! Банално, но многу опасно

Ширум светот има МНОГУ различни трикови кои ги користат разбојниците, а полицијата постојано ги предупредува возачите да бидат внимателни. Целта на разбојниците е да го запрат автомобилот за да го ограбат.

Иако ваквите случаи се ретки во Македонија, не е лошо да се знае какви трикови користат разбојниците ширум светот.

Еден од триковите е оној со испуштено овошје на пат. Возачот на патот пред себе гледа овошје како портокали, лимони и друго ситно овошје, кое нема да му наштети на автомобилот ако го прегази. Токму оваа идеја ги води крадците.

Така знаат да скријат многу остри предмети внатре, што ќе резултира со дупнување на гумата и последователно запирање на автомобилот. Тогаш возачот на осамениот пат станува лесен плен за грабеж, пишува шпански Ел Паис. Треба уште еднаш да се нагласи дека ваквите грабежи се ретки во Македонија, ако воопшто и ги има. Сепак, ова служи како потсетник за тоа со што се соочуваат возачите ширум светот и колку се опасни патиштата.