Автомобили

(ВИДЕО) Тестирање на безбедност на возила, ама на малезиски начин

Безбедноста на автомобилот обично ја проверуваат надлежните органи, а тоа се прави под строго контролирани и внимателно пресметани услови.

Меѓутоа, некои помалку научни методи, како оваа, докажуваат дека тоа не секогаш е така.

Некој се сетил да фрли два автомобили од врв на рид: “VW Tiguan” и “Peugeot 3008” – иако не се најнови модели, сепак се направени според највисоките безбедносни стандарди.

Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото, а нам ни се чини дека не поминаа многу лошо при „слетувањето“.

Нема многу детали, а врз основа на потписот на видеото можеме само да заклучиме дека „тестот“ се случил во Малезија.