Автомобили

Еве зашто во Холандија регистациите на автомобилите ги покриваат со изолир!

Многу европски градови воведоа „зони со ниски емисии“, т.е. зони со ограничен сообраќај во кои е забранет пристапот до возила со големо загадување

Сообраќајните ограничувања, поврзани со сообраќајните казни доколку не се почитуваат, ги отежнуваат секојдневните патувања за многу возила кои не ги исполнуваат условите за влез во овие зони.

На возачите во Британија не им се допаднале камерите кои покриваат вакви зони, па едноставно решиле да ги уништат. Се жалат и возачите во другите земји, но се снаоѓаат на многу посмирен начин.

На снимката од Холандија се гледаат возачи како ги кријат своите регистарски таблички пред камерите за проверка на штетните гасови. На црвеното светло директно пред камерата може да се види како речиси сите возачи ги оставаат возилата за да ја покријат регистарската табличка на овој или оној начин.

Многумина користат селотејп, додека други ставаат кеси за да ги сокријат своите регистрации.