АвтомобилиПопуларно

Илон Маск предупредува: Ке има пад на продажба на електрични автомобили

Илон Маск изјави дека продажбата на електрични возила ширум светот во наредни години ќе почне да паѓа и предупредува дека кинеската конкуренција ќе има големо влијание кога ќе влезе во пазарот.

Американскиот произведувач на електрични автомобили Тесла изјави пораст во приходи во 2023 година, благодарејќи на намалените цени, но исто така предупредува за голем пад во побарувачката за електронски автомобили во 2024.

Во 2023, Тесла на неколку наврати ја намали цената на своите возила со цел да го задржи интересот и побарувачката на високо ниво. Ова резултираше во скок од 40 проценти во продажба или 1.8 милиони Тесла автомобили.

Вкупниот приход на Тесла порасна за 19 отсто, на 96,8 милијарди долари од кога беа доставени автомобилите. Исто така порасна и нето добивка до сега на 15 милијарди долари.

На крајот од година приходот нагло се успори, и имаше раст од само 3 проценти, што ги доведе Тесла да предвидат уште помала побарувачка за нивниот производ.

Генералниот директор на Тесла, Илон Маск, предупреди дека кинеската конкуренција со тек на време ќе ги уништи поголемиот дел на автомобилски компании доколку не се воведат некаков вид на трговски бариери.

По барањето на Маск за воведување на трговски бариери на конкуренциски пазари, тој се надоврза со информации за кинески BYD кој во четвртиот квартал продале повеќе електронски автомобили од Тесла.