Автомобили

Имаш 1.500 евра? Па што креваш среден прст?

Да се прекрши ограничувањето на брзината е едно, но безобраклукот е сосема друго. Така, 26-годишен возач поминал низ контролен пункт во близина на германскиот град Кулбах, кој се наоѓа на 25 километри од Бајројт во баварската провинција Горна Франконија, возејќи за 11 км/ч над дозволеното.

Тоа Ниту во строгите германски судови не е голем грев, па предвидена е казна од 20 евра.

Меѓутоа, младиот човек решил да го почести оној што ги гледа видеата со среден прст кренат во воздух, меѓународен симбол на… па, знаете на што.

Ова не ја воодушевило полицијата која поднела пријава за навреда, а окружниот суд во Кулбах го осудил несовесниот возач на BMW на парична казна од 1.500 евра и едномесечна забрана за возење.