Автомобили

Колкав е опсегот на радарот за брзина?

Доколку сте на пат и видите камера за брзина или ласерски пиштол, веднаш ја намалувате брзината, но во зависност од уредот, можеби веќе е доцна за таа реакција

Ласерските уреди имаат различно растојание на кое се активираат, односно растојание на кое ќе снимаат брзо возење. Во некои случаи тоа е многу порано отколку што мислат возачите, па понекогаш може да биде предоцна кога ќе забележите камера за брзина.

Во зависност од уредот, во Германија брзината може да се снима и до 1000 метри од локацијата на која се наоѓа камерата. Секогаш се препорачува да возите во границите на брзината, без разлика дали сте во Германија, Македонија или каде било на друго место. Тоа е побезбедно и ви заштедува пари.

Што се однесува до асортиманот, каталогот на уреди во Германија има осум модели, пренесува e-fahrer.de. Во зависност од уредот, тие можат да снимаат брзо возење на растојание до 1000 метри:

Multan’s MU VR 6FAFB – до 15 метри
Multan’s MU VR 6F – 3 до 40 метри
Eso ES 1.0 – до 18 метри
Eso μP 80 – до 25 метри
LaserPatrol/TraffiPatrol – 30 до 500 метри
Riegl LR90-235/P – 30 до 500 метри
Riegl FG21-P – 30 до 1000 метри
Traffipax speedoPhot – до четири ленти и до 45 метри