Автомобили

Кој модел на BMW M е најбавен

SUV XM е еден од најтешките модели на BMW со значката М, но е спасен од огромната моќ на plug-in хибридниот погон.

Сепак, за да го направи овој модел малку попристапен, BMW ја лансираше верзијата 50e на почетокот на годината.

Тој е исто така хибрид, но со значително полоши перформанси. Наместо V8 мотор, во срцето на хибридниот погон е 6-цилиндричен 3,0-литарски турбо-бензинец потпомогнат од електричен мотор интегриран директно во осум-брзинскиот Steptronic Sport менувач.

Вкупната комбинирана моќност на погонскиот систем е 476 КС, а максималниот вртежен момент е 700 Nm.

Звучи импресивно, но кога ќе ја погледнете тежината од 2.695 килограми, јасно е дека перформансите ќе бидат на самиот раб на влез во одбрано М општество.

Фабричките податоци покажуваат дека овој автомобил достигнува 0-100 km/h за 5,1 s, додека максималната брзина е ограничена на 250 km/h.

Доколку се вози само на струја, максималната брзина е само 140 km/h, а досегот со капацитет на батеријата од 25,7 kWh е нешто повеќе од 80 km.

Најмалку убедлив податок од сите е забрзувањето, кое е уште полошо од некои модели кои не ги нуди М дивизијата. На пример, неодамна достапниот дизел X3 M40d забрзува до сто за 4,9 секунди, како и M235i Gran Coupe со 4-цилиндричен мотор.

Единствените полоши од XM 50e се далеку помалите, поевтините и послабите X1 и X2 M35i, кои постигнуваат 0-100 km/h за 5,4 секунди.

Иако има малку поскромни перформанси во споредба со неговото педигре, BMW XM 50e е прилично скап. Неговата цена на германскиот пазар е 132.400 евра.

За споредба, X5 xDrive50e чини 38.400 евра помалку, а во исто време е побрз и има подолг досег на струја.