Автомобили

Направил дупки на издувот за BMW-то да му звучи „спортски“– полицијата му го запленила автомобилот

„Дупките во издувниот систем беа многу непрофесионално решение за инаку многу квалитетно возило“, велат полициските службеници.

Во германскиот град Дармштад, сообраќајната полиција запрела “BMW”. Биле заинтригирани од звукот кој во голема мера надминувал некои нормални вредности.

Погледот под автомобилот брзо ја открил причината. За да постигне поспортски звук, возачот направил правоаголни дупки на двете издувни цевки.

Полицијата во својата објава на Фејсбук соопшти дека сопственикот веројатно не сакал да вложи сериозна (и скапа) инвестиција во спортски звук, на пример, со купување на спортски издув.

„Дупките во издувниот систем беа многу непрофесионално решение за инаку многу квалитетно возило“, велат полициските службеници.

Забележани се и други неовластени модификации на возилото: задните светла биле обоени во темна боја, а третото стоп-светло било покриено со темна фолија.

Полицијата го одземала автомобилот за увид и мерења на бучава, а возачот е подлежен на соодветни законски постапки.