Автомобили

Пет совети да го продолжите животот на вашиот автомобил

Подготвивме неколку совети кои ќе ви помогнат да го одржувате својот автомобил и така ви потрае значително повеќе.

  1. Редовно чистење

Закажувајте длабочинско чистеењ на автомобилот барем еднаш во шест месеци, за да бидите сигурни дека фарбата ќе се одржи и дека нема да дојде до корозија од солите кои на зима се таложат од горе.

  1. Редовно правете мал сервис

Ова би требало да зависи од километражата која ја минувате – во главно ја пропишува произведувачот, а некое генерално правило е тоа да биде меѓу 5.000 и 15.000 минати километри.

Можете мал сервис да правите и почесто, секако, а на тоа ќе влијаат минатата километража, како и условите за возење низ кои најчесто минува вашиот “миленик”.

Малиот сервис, потсетуваме, најчесто подразбира: замена на моторно масло, филтерот за масло, филтерот за гориво, филтерот за воздух на моторот, како и замена на филтерот во кабината.

  1. Не пропуштајте голем сервис

Големиот сервис исто така зависи од условите на возење и пројдената километража, а генералното правило е да се прави меѓу 60.000 и 100.000 минати километри.

Големиот сервис се однесува на оние сегмени кои директно се однесуваат на работењето на моторот.

  1. Редовно проверувајте ги кочниците

Нема правило колку често би требало да ги проверувате кочниците, но би било добро оа да го правите секогаш кога ги менувате гумите, или на секои шест месеци. Ова е работа со која не смее да има компромис, па ако забележите било што, трк на мајстор.

430942
  1. Менувајте масло во менувачот

Многу овластени сервиси и натаму се придржуваат до правилото маслото во менувачот да се долее по потреба, но голем број дефекти на менувачот се случуваат пораид недоволно или старо масло.

Можеби е добро да побарате совет од експерти во врска со одреден бренд, но некое основно правило е маслото во менувачот да се менува на секои 40.000 до 50.000 километри. Притоа, најбезбедно е да користите масло кое го препорачува произведувачот.