Автомобили

Рекреирана славната трка меѓу “Cybertruck” кој влече “Porsche” и “Porsche”! Што велите, кој победува?

Сите се сеќаваме на тврдењата на Маск дека „Cybertruck“ е побрз на четврт милја од „Porsche 911“ додека влече приколка со исто такво „Porsche“.

Тоа тврдење и покрај објавената снимка, најблаго кажано се утврдило како сомнително, а сега американски „Motor Trend“ одлучил тоа да го провери во пракса и теорија. Својата теорија веќе порано ја изнесе Џејсон Фенске од Јутјуб каналот „Engineering Explained“ покажувајќи дека податоците на „Tesla“ се „напумпани“.

„Moto Trend“ изнајмил патека, ги донел ривалите на стартната позиција и тргнал го мери времето на четвртина милја. Го донеле најлесното и најбавното „911“ и го поставиле на приколката, се со цел да го олеснат остварувањето на тврдењето на Маск.

„911 Carrera T“ во сите три обиди го победил електричниот ѕвер на „Tesla“, а единствената отворена опција ја оставил за трката на осмина милја. Тука еднаш „Cybertruck“ бил за малку побрз. Сепак, кога сè ќе се собере, видеото навистина потврдува дека „Cybertruck“ е неверојатно брз.