АвтомобилиПопуларно

Сензација: Хамилтон ќе ја заврши кариерата во Ферари

Според тоа што може да се прочита во странските медиуми, Луис Хамилтон се подготвува за најривалскиот трнасфер во историјата на Формула 1.


Се зборува дека доколку Хамилтон би го сменил својот тим, тоа би било за да вози Фред Васур. Нивната врска оди наназад 20 години кога Луис Хамилтон ги освои шампионските титули на Ф3 Европа и ГП2 во јуниорска категорија каде што тимот беше предводен од Васур. Исто така е познато дека двајцата редовно одржаваат контакт.

Вестите доаѓаат откако Ферари му го продолжи договор на Чарлс Леклер. Новиот договор на Леклер е 2+2 години, и ке го задржи во тимот на Ферари најмалку до 2026 година.


Зависно од како ке се покаже во првите 2 години, ке се одлучи дали ке добие уште 2.


За жал, истото не важи за неговиот совозач, Карлос Саинц, на кого му истекува договорот во 2024 година и не е јасно дали Васур е заинтереисран за задржување на Карлос Саинц.

7-кратниот светски првак Луис Хамилтон, во 2023 си го обнови договорот, и тоа 1+1 години, што му дава флексибилнсот да преговара со други тимови.

Наводно, веќе имало муабет со претседателот на Ферари, Џон Елкан, кој му се допаѓа визијата и би сакал да се исполни.
Доколку све помине како што треба, вестите ке се официјализираат во наредните денови.