Автомобили

Си купуваш “Chiron”, па ако не ти е скапа регистрација за двете ти даваат и “Rolls-Royce” на подарок

Како што е познато, сите 500-тите модели на „Chiron“ се продадени и веќе не е можно да се купи нов примерок.

Ако на сето тоа ја додадеме и големата побарувачка, јасно е дека купувањето на „Chiron“ би било одлична инвестиција. Овие примероци често постигнуваат повисока цена отколку кога биле нови, и тоа за многу. Иако често се персонализирани, се продаваат веднаш откако ќе се огласат.

Поради тоа звучи неверојатно дека некој понудил таков автомобил на своевидна аукција. Токму тоа го тврди авто-куќата „Napples Motorsports“ од Флорида. Тие огласиле „Bugatti Chiron“ од 2021-ва година, а купувачот кој ќе се одлучи да го купи, на подарок ќе добие и „Rolls-Royce“.

Не е шега, купувачот на подарок добива „Rolls-Royce Wraith“ од 2018-та година, кој моментално се нуди по цена од 239.995 долари. Звучи како одлична можност, барем додека не ја споменеме цената на „Chiron“. Имено, ова „Bugatti“ ќе биде ваше по цена од 3,85 милиони долари.