Автомобили

Тесла ке соработува со Space X за новиот Tesla Roadster

Space X и Тесла ке колаборираат за производството на новиот модел на “Tesla Roadster” кој се најавува дека ке развива од 0 до 100 km/h за помалку од една секунда!

Како што кажува Илон Маск, новиот модел на Тесла ке почне со производство наредната година. Овие вести доаѓаат после 6 години од производството на првиот Roadster модел кој што се развиваше од 0 до 100 km/h за 1.9 секунди со максимална брзина од 400 km/h и батерија која држи 1000 километри.

Ноќеска, Маск изјави “Вечерва радикално ги зголемивме дизајнерските цели за новиот Tesla Roadster.”

„Никогаш нема да има друг автомобил како овој, ако дури и можете да го наречете автомобил“, додавајќи дека тоа би било „соработка“ помеѓу Тесла и неговата ракетна компанија SpaceX.

Се прашувате како Tesla Roadster ке успее да достигне толкави брзини за толку мала временска рамка? Па ракетен мотор секако! Како што кажа Маск, овој модел ќе го има “Пакетот за ракетен погонувачи”

Чисто за споредба, моментално најбрзата електрична кола што развива 100 km/h е “Rimac Nevera” која ја развива брзината за 1.85 секунди.

Rimac Nivera