Автомобили

Тие трошат „како запалка“: Топ 5 најштедливи дизел SUV автомобили

Електрификацијата е насекаде околу нас, но сè уште има такви кои ја полагаат својата доверба во „старите добри“ бензински и дизел мотори.

Доколку планирате да купите автомобил од B SUV сегментот (долг околу четири метри) кој работи на дизел, можеби оваа листа ќе ви помогне. Подолу е листа на пет возила со најекономична потрошувачка на гориво од овој тип.

5. Seat Ateca (5,2 l/100 km)

Со 4,38 метри, Seat Ateca е конфигуриран како најголем и најпростран SUV на оваа листа, бидејќи оваа должина е дополнета со багажник од 510 литри, што може да биде 1.604 литри ако се склопат задните седишта.

Потрошувачката од 5,2 литри ја постигнува моторот 2.0 TDI, односно 2.0-литарски четирицилиндричен дизел-мотор со 150 коњски сили, што значи дека е најмоќниот на оваа листа. Максималната брзина е 202 km/h, а 100 km/h достигнува за 9 секунди.

4. Citroen C3 Aircross (4,8 l/100 km)

Со должина од 4,16 метри и 1,5-литарски четирицилиндарец со 110 коњски сили, има багажник од 410 литри и нешто пониски перформанси од конкуренцијата. Достигнува максимална брзина од 178 km/h, а од 0 до 100 km/h забрзува за помалку од 11 секунди.

3. Audi Q2 (4,8 l/100 km)

Во овој случај, најмалку троши моделот со ознака “30 TDI”, кој испорачува 116 коњски сили од 2,0-литарски турбодизел мотор. Овој компактен кросовер е долг 4,21 метри и има багажник од 405 литри што може да се зголеми до 1.050. Првите 100 km/h ги достигнува за 9,9 секунди, а максималната брзина едвај надминува 200 km/h.

2. Volkswagen T-Roc (4,8 l/100 km)

Малку подолг од првиот на оваа листа (4,25 m), “T-Roc” се придвижува од 2,0-литарски четирицилиндричен мотор. Со 115 коњски сили постигнува максимална брзина од 190 km/h и забрзува до 100 km/h за 10,7 секунди. Багажникот има дури 445 литри, што е исклучително добро за возило со оваа големина.

1. Opel Mokka (4,4 l/100 km)

Долг 4,15 метри, овој кросовер го придвижува 1,5-литарски четирицилиндричен турбодизел мотор. Неговите 110 коњски сили, заедно со малата тежина (помалку од 1.300 кг), му овозможуваат да достигне 180 км/ч и да забрзува од 0 до 100 км/ч за 10,8 секунди. Багажникот на “Opel Mokka” има 350 литри, што не е лошо за неговите димензии.