Автомобили

(Фото/Видео) Кога ти се може па на Фуџи во Јапонија си правиш твоја сопствена тркачка патека

Ако некогаш сте се прашале што значи да се биде толку богат ако богатството се мери во стотици милиони, па и милијарди евра, овој пример би можел да биде прозорец во тој свет, во кои важат некои други правила.

Станува збор за приватна тркачка патека довршена минатата година во Јапонија, во близина на Токио. Приватната патека со поглед на планината Фуџи и токискиот залив од другата страна е отворена во јули минатата година на свеченост која ја разубавиле најатрактивните автомобили на островот.

Патеката долга 3.500 метри лично ја посетил Тим Браун од „Top Gear”‘ и се возел со својот автомобил од соништата – позајмено „Porsche 911 GT3 RS“. Магаригава е прва приватна тркачка патека во Азија, а точната позиција е префектурата Чиба, на еден час возење од Токио. Има 22 кривини, 20 проценти од патеката е нагорнина, и дури 800 метри долга рамна делница.

За осмислување и изградба на патеката биле ангажирани водечки експерти во тоа подрачје, тим за дизајн на Ф1 патеки во компанијата „Tilke Engineers and Architects“.

Пристап до патеката имаат само членови на ексклузивен клуб, а на располагање им се сите содржини. На патеката се наоѓа сервисен центар со тим од механичари, додека во друг објект се нудат други услуги, од места за ноќевање, вежбање и релаксирање.

Сопственикот наводно сакал на патека да оди со својата сопругата и двете ќерки. Бидејќи не успеал да најде доволно добра патека, одлучил да направи своја.