АвтомобилиПопуларно

„Apple“ вложувал 1 милијарда долари годишно во проект за автомобили смислен од Стив Џобс цела деценија пред да сфатат дека џабе фрлале пари

Плановите на „Apple“ за револуција во автомобилската индустрија дојдоа до ненадеен крај по една деценија работа и вложени милијарди долари

Проектот, подобро познат како „Titan“, беше погоден од неодлучност на раководството, технички пречки и променливи амбиции, што на крајот доведе до негово откажување во февруари, според извештајот на Блумберг.

Ко-основачот на Apple, Стив Џобс, ги започна автомобилските амбиции на „Apple“. Во доцните 2000-ти, воден од неговата визија за доминација на секој аспект од искуството на потрошувачите, тој имаше замисла Apple да го создаде автомобилот на нашата генерација.

„Apple“ вложи неверојатна количина ресурси во проектот Titan. Извештајот на Блумберг, кој цитира луѓе запознаени со овој проект, откри дека компанијата трошела околу 1 милијарда долари годишно во изминатите 10 години, што е речиси една петтина од буџетот на „Apple“ за истражување и развој пред една деценија.

Несогласувањата меѓу раководството на Apple го попречија напредокот на проектот. Тим Кук, извршниот директор, првично ја поддржа идејата за целосно автономен автомобил, но неговиот ентузијазам ослабна бидејќи техничките и економските предизвици станаа очигледни. Даг Филд, проект менаџерот, се залагаше за автономно возило на од петто ниво (што значи дека нема потреба од човечки придонес), додека други, како Кевин Линч, се залагаа за пореален систем од второ ниво (помош на возачот, а не замена). Овој недостаток на обединета визија и постојаното вртење го попречуваа одлучувачкото дејствување.

Откажувањето на проектот „Titan“, наводно, ќе влијае на работните места на околу 2.000 вработени. Некои ќе бидат префрлени во други оддели во рамките на „Apple“, додека други ќе бидат отпуштени. Дополнително, Apple сака да ја продаде својата патека за тестирање автомобили во Аризона, физички потсетник за амбициозните аспирации на проектот.

Долгогодишниот извршен директор на Apple, наводно, рекол дека проектот се гледа во компанијата како лошо замислен производ „кој требаше да се реши од маките“.