Автомобили

Volkswagen ќе го претстави најмоќниот Golf GTI досега

Новиот Volkswagen Golf GTI “Clubsport” ќе го има своето официјално деби на 31 мај, но Volkswagen веќе го најави со фотографии од камуфлирана верзија.

Овој пат Golf GTI “Clubsport” нема да биде само обичен GTI со извесни измени на амортизерите, малку помала тежина и посебен натпис на каросеријата, но Volkswagen вложи многу повеќе напори во овој модел.

Во споредба со обичниот GTI, автомобилот ќе добие поинаква маска и подобрени фарови напред, а логото на VW на маската е осветлено.

Иако автомобилот е камуфлиран, лесно е да се добие општа идеја за тоа како изгледа.

Volkswagen не ги откри механичките промени, но ветува дека ова ќе биде најмоќниот GTI досега.

Автомобилот има електронски контролирана блокада на предниот диференцијал, додека адаптивниот систем за контрола на суспензијата DCC е опција. Оние кои плаќаат дополнително за оваа функција ќе добијат опција да изберат посебен режим на возење специјално наменет за возење на Нирбургринг.

Ова е првиот сериски автомобил кој ќе ја нуди оваа опција и VW сигурно ќе ги израдува ентузијастите кои ќе сакаат да го тестираат својот автомобил на легендарниот „Зелен пекол“.