Бизнис

“Бајден не ни знае што е крипто, гласајте за мене” – Доналд Трамп јавно изјави дека ќе го поддржува крипто пазарот

Трамп изјави дека е планира да подржи крипто валути доколку биде изгаласан за претседател на Америка, додека Џо Бајден не застанал позади крипто валути.

Како што најави Трамп, неговата кампања сега прифаќа крипто донации.

Поддршката на Трамп е многу значителна информација во крипто светот со оглед на лошиот период низ кој поминува крипто пазарот. Останува уште да победи на изборите па да видиме какво влијание ке има тоа врз крипто валутите.

Во неговата изјава тој не ја пропушти шансата да удри по Џо Бајден кажувајќи дека тој везе нема што е крипто.

„Тие се против крипто, Бајден дури и не знае што е крипто – ако го прашате Бајден – „Господине дали сте за или против крипто? – ‘Што е тоа, што?, тргнете ме од сцената, тргнете ме од сцената!’

Не, тој нема идеја, но погледнете, Генслер е многу против тоа; Демократите се многу против тоа. И јас го велам ова: многу луѓе го подржуваат тоа – веројатно многу луѓе во оваа група.

И јас сум добар со тоа, сакам да се уверам дека е добро и солидно и се друго, но јас сум добар со тоа. И ако сакате крипто во која било форма, тоа доаѓа во многу различни форми – ако сте за крипто – подобро гласајте за Трамп“.