Бизнис

(ВИДЕО) Просечен белец не заработува најмногу пари во Америка!

Некогаш од време на време, а сега сè почесто, посебно на социјалните мрежи, ги слушаме муабетите дека белата раса е привилегирана во САД.

Се чини дека главен аргумент на оние кои ја туркаат таа тема се американските милијардери, кои рака на срце, навистина се во главно бели.

Но, ако излеземе од тој речиси недостижен свет, сите други сме оставени да се снаоѓаме во нашиот свет, оној на работникот, а според статистиката на мажот од видеото, еве како изгледа таму.

„Едно просечно бело семејство во Америка заработува 60.000 долари месечно. Просечно индиско семејство во Америка, заработува 100.000 долари. Просечното афроамериканско семејство во Америка мислам дека заработува 38.000 долари. Па листата е ваква. Афроамериканците, па Латиноамериканците, па белците и на врвот се Индијците, Кинезите и Пакистанците. Нема врска со расата, има врска со работната етика, фокусот на образованието …“

https://www.tiktok.com/@thebillionairedegree/video/7333454354600496385?_r=1&_t=8lWs4rNltmo