Бизнис

Вредноста на Биткоин повторно над 1 трилион долари по 2 години пауза

Вредноста на сите биткоини во циркулација рипна над 1 трилион долари за прв пат по 2021 година

Цената на биткоинот континуирано расте на нивоа коишто не растело во задните 2 години. Успехот на ETF за биткоин и помогна на криптовалутата да пробие 1 милијарда долари пазарна вредност.

Биткоин исто така проби 51,000 долари по биткоин, што е прв пат да ја пробие таа граница од декември 2021. Цената на биткоин почна да расте во јануари и оваа година е веќе 21% поголема од претходната.

Најголема причина за зголемената побарувачка на биткоинот е благодарејќи на новиот „U.S. spot bitcoin ETF“.

„Вчера видовме прилив на 651 милион долари на пазарот, најголемиот дневен прилив во долго време.“ изјави Џејмс Батерфил, крипто аналитичар за „CoinShares“. „Понатаму, вчера издавачите побараа 12.000 биткоини во време кога секој ден се произведуваат само 900. Инвеститорите почнуваат да сфаќаат дека новата побарувачка е многу поголема од моменталната понуда“

9.5 милиони долари од нови инвеститори се влезени на пазарот од почетокот на ETF-от на 11. јануари. Во задните 2 недели, 71% од „новите“ пари влезени во биткоин потекнуваат од ETF.