Бизнис

Дент прогнозира најголема депресија од 1929-та! „Печатиме вештачки пари …“

Најголемиот економски крах во нашите животи ќе се случи во 2024-та година, предвидува американскиот експерт за финансии Хери Дент. Нагласил дека се наоѓаме во опасна состојба.

„Вештачкото печатење на пари и дефицитите од 2009-та година се без преседан, а тоа се 27 трилиони долари за 15 години, да бидам прецизен. Тоа е 100 отсто вештачки, што значи дека сме во опасна состојба. Мислам дека 2024-та година ќе биде година на најголемата несреќа која ќе ја видиме во нашите животи. Јас сум тип кој се моли за крах. Мораме да се вратиме во нормала и мораме да пратиме порака до централните банки“, рекол Дент.

Дент е еден од најголемите американски експерти за инвестиции. Навел дека своите предвидувања за економијата ги заснова на преценетите пазари и претераната државна потрошувачка на стимулации. Цврсто е убеден дека балонот ќе пукне во 2024-та година. Економистот нагласил дека балонот всушност настанал кон крајот на 2021-ва година по пикот на пандемијата на коронавирусот, а првите знаци биле забележани во 2022-ра година кога „Nasdaq“ паднал за 38 проценти.

„Ќе кажам само една работа – не го слушајте вашиот финансиски советник. Работите нема да се вратат во нормала за неколку години. И овој крах нема да биде корекција на работите. Ќе биде полошо отколку во 1929-та или 1932-ра. И секој што ќе мине низ тоа ќе сака да го убие својот берзански советник. Тоа е пад од 86 проценти во „S&P“ и 92 проценти во „Nasdaq”“, вели тој.

Наведува дека ќе се ќе биде очигледно веќе околу мај.

„Ако сум во право тоа ќе биде најголемиот крах во нашите животи. Повеќето работи ќе се случат во 2024-та година. Ќе видите како ќе почне и се ќе биде поочигледно до мај“, нагласил тој.

Дент, гледајќи го патот на курсот на Федералните резерви наведува дека нема шанси за меко слетување. Верува дека продолжението на дезинфлацијата ќе се претвори во дефлација прв пат од 30-тите години и дека централната американска банка во своите раце има „слаба“ економија. „Единствена причина зошто мораа толку да ја заострат е тоа што премногу стимулираа поради ковид, но тоа заострување сега многу повеќе ќе ја погоди 2024-та година. А кога ќе го прекинете затегнувањето, ќе бидете во депресија за една година. Депресијата се разликува од рецесијата. Оди многу подлабоко и влегува во дефлација. Тоа ќе ја урне големата инфлација на потрошувачките цени“, наведува Дент и додава дека ефектот на забавување ќе се чувствува 12 до 14 години, пишува „Fox“.

Напишете коментар