БизнисПопуларно

Замислете да можевте да инвестирате во Гугл во 2000-та година! Топ 10 најлоши бизнис одлуки во историјата на човештвото

Замислете да се разбудите во 2004-та година, но со знаењето што го имате денес… Сигурно ќе купите Биткоин, ќе инвестирате во “Google”, во “Nvidia”, во паметни телефони…Еве листа од 10 најлоши бизнис одлуки во историјата човештвото, односно кога тогашните големи компании одбиле да инвестираат во денешните џинови.

10. Вестерн Унион (1876)

Вестерн Унион одлучила да го патентира телефонот за 100.000 долари во 1876-та година. Меѓутоа, не продолжиле да инвестираат во револуционизирањето на комунукациите…

9. Цела Велика Британија одбива да го објави Хари Потер

Дури 12 издавачи од Обединетото Кралство ја одбиле “Хари Потер” на ЈК Роулинг. Франшизата денес вреди 25 милијарди долари.

8. Нова Кока-Кола (1985)

Кока-Кола ја претстави “The New Coke”, која речиси веднаш потфрила и била повлечена од полиците по неколку месеци.

7. Микрософт ја купува Нокиа (2013)

Микрософт ја купи Нокиа за 7 милијарди долари. Не успеа да се натпреварува во пазарот за паметни телефони.

6. Моторола (2000-тите)

Моторола одлучува да даде приоритет на други иновации, пропуштајќи го целосно трендот со паметни телефони.

5. “Дека” и Битлси (1962)

“Дека Рекордс” одбиле да потпишат договор со Битлси. Подоцна бендот станува најуспешниот бенд во историјата.

4. Јаху и Гугл

Јаху одбива да го купи Гугл за 1 милион во 1998-ма година. Одбива да го купи и 5 милијарди во 2002-ра. Останатото го знаете…

3. Кодак (1975)

Кодак ја измислува дигиталната фотографија, но одлучува идејата да ја “стави во фиока”. Ривалите не го прават истото и доминираат со пазарот во годините кои доаѓаат.

2. Блокбастер и Нетфликс (2000)

Блокбастер одбива да го купи Нетфликс за 50 милиони долари во 2000-та. Нетфликс денес вреди 292 милијарди!

1. Ексајт и Гугл (1999)

И за крај, веројатно најлошата бизнис одлука во историјата! Ексајт одбива да го купи Гугл за 750.000 долари! Гугл денеска вреди преку 2 трилиони долари!