БизнисПопуларно

Знаеме ли колку заработува Илон Маск во минута…само од Тесла?

Илон Маск, сопственик на “Tesla”, “SpaceX”, “Neuralink” од неодамна и на “X”, односно поранешен “Twitter”, моментално е втор најбогат човек на светот.

Податоците кои ги објавува “Fibold”, покажуваат дека од средината на февруари на 2024-та година, нето вредноста на Илон Маск изнесувала 198,9 милијарди долари.

Оваа вредност се одредува според неговите удели во различните компании, односно погоре наведените “Tesla”, “Starlink”, “SpaceX”, “X”, “The Boring”, “xAI” и “Neuralink”.

Од наведените компании, јавно достапен е само профитот од “Tesla” и тој изнесѕва 17,66 милијарди долари. Врз основа на уделот во “Tesla”, тој во 2023-та заработил 3,62 милијарди долари. Тоа е околу 115 долари во секунда, околу 6.000 долари во минута, 413.000 долари на час, 9.917.300 долари дневно…И пак повторуваме, само од “Tesla”.