Бизнис

Индија на пат да блокира крипто берзи

Најновите статистики во крипто светот ја обележаа Индија како држава со најголем пораст на корисници во крипто светот. Единствена држава пред Индија е Америка.


Зголемениот пораст ги сигналираше регулаторите во Индија да ги зајакнат мерките. Имено, спремаат план кој ке стапи на сила во 2024 кој не само ке ги обрврзе корисниците да се регистрираат со лична слика и адреса на живеење, туку ке мора да биде и дозволен пристап до профили на корисниците со цел да може да се направи ревизија на трансакциите во било кое дадено време. Исто така Индија планира да предложи интернационална даночна полиса која ке ги доведе крипто берзите да бидат во улога на авторизирани тргувачи, нешто слично како банки во денешниците.


Како резултат на ова, Индиската Финансиска Интелегенција прозва 9 крипто берзи кој според нив не работат согласно со законите и прописите за спречување на перење пари. Компаниите кои беа споменати од Индиските власти се Binance, KuCoin, Huobi, Kraken, Gate.io, Bittrex, Bitstamp, MEXC Global и Bitfinex. За тие кои што не се упатени во крипто пазарот, во овие се споменати најголемите крипто берзи во светот (Со исклучок на Coinbase).

Со оглед на тоа што Индија е една од најпопулираните држави во светот, останува да видиме какво влијание ке има ова врз крипто пазарот кој по долго време конечно виде некаков пораст.

Напишете коментар