Бизнис

Кинеска стримерка направи 14 милиони долари за една недела

Женг Шиангшианг е стримерка која потекнува од Кина. Таа има 5 милиони следбеници на „Douyin“, кинеската верзија на TikTok. Таа се занимава со стримање од 2017 но станала позната во 2023.

Од 2016-та година, Кина на своите социјални мрежи воведе е-трговија која им овозможува гледачите да купуваат производи во текот на преносот во живо. Шиангшианг својата популарност ја доби поради нејзиниот инвентивен начин на рекламирање на производите.

Имено, еден од нејзините асистентите и го подава кутија, таа ја отвора кутијата, го покажува продуктот, и ја трга кутија. Сето тоа се случува во речиси … 3 секунди. Ако свртиш глава, отиде маичката што ја сакаш да ја купиш.

Станува збор за производи со низок квалитет и цените се движат од $1.40 долари па нагоре. Со оглед на ниските цени на производите, доставата излегува поскапа од самиот производ, и доколку не им се допаѓа производот на купувачите, најчесто не ни ги враќаат, што значи профитот иде во џебот на Шиангшианг.

По недела дена на нејзините стримови, таа успеа да продаде скоро 10 милиони производи, или приближно 13.9 милиони долари. Таа кажува дека нејзините стримови ги држи во складиште со милиони кутии и дека има огромен тим кој е задолжен да биде сè под конец.

„Дневно допирам толку многу кутии, дури почнаа плускавци на рацете да ми се појавуваат. Овие раце низ сè имаат пројдено“

Кога „Douyin“ дозна за успехот на Шиангшианг, веднаш ја отстранија од апликацијата поради кршење на условите за користење на апликацијата. Поради неа, тие воведоа нови мерки кои им забрануваат на стримери да рекламираат производи без детално да ги опишат. Од тогаш, стримерката се префрли на друга апликација „Kuaishou“ каде што продолжува со своите брзи стратегии.