БизнисПопуларно

Нарачал сладолед во Дубровник и кога ја видел сметката не му било добро

Дали ви се случило да посакате освежување, да го платите уредно и потоа да посакате – да се онесвестите од насобрана мачнина кога ќе ја видите сметката!

Ова му се случило на еден посетител на Дубровник, кој своето чудење го споделил на социјалните мрежи откако ја погледнал уредно платената сметка за сладолед за себе и за своето друштво.

„Секаде сум бил, ама волку пари за сладолед никаде не сум платил…WTF“, напишал тој, а пренесува „Слободна Далмација“.

Според објавениот факсимил на сметката, споменатиот гостин во Дубровник, очигледно Далматинец, за четири топки сладолед платил вкупно 15,60 евра, или по 3,90 евра за една (околу 230 денари)

„На почетокот на туристичката сезона на хрватскиот Јадран, скалата беше екстремно подигната, на ниво на светски рекорд и влез во Гинисовата книга. Може ли некој да го сруши ова? Што друго треба да се стави во сладоледот или да се смени во начинот на производство за да се сруши овој рекорд, освен добро познатите обични состојки, несметајќи ги оние ексцентрични комбинации на сладолед збогатени со златни листови и капки супер скап шампањ и децении старо виски“, пишува “radiosarajevo”.