Бизнис

Објасни ми што е перење пари како да имам 11 години

Социјалните мрежи се место каде во главно знаеме да заглавиме за забава, ама понекогаш можеме и нешто да научиме. Добро, во случајов, пак станува збор за забава, бидејќи ова не треба да се учи.

Не е дека некој не знае што е перење на пари, ама овој креативен дечко решил тоа да го упрости како за деца, па ние им се чудиме на паметот на овие “креативци” кои ќе направат се за да бидат оригинални и да се издвојат.

Па приказната оди некако вака:

Замисли дека си 11-годишно дете кое што сака “PlayStation 5”. Поставуваш штанд за лимонада пред куќата, ама после еден ден, си продал само една лимонада.

Па ти текнува на подобра идеја. Организираш акција за собирање на средства за деца кои немаат доволно. Малку што твоите донатори знаат, единстеното дете кое што нема нешто си ти, а тоа е “Playstation 5”.

Одиш низ град и чукаш на врати и собираш донации и наскоро имаш кеш. Но…постои едне проблем. Ако го купиш твојот “PlayStation” мајка ти ќе те праша како можеш да си го дозволиш? А знаеш каква е кога станува збор за измами со донации.

Поради тоа, мораш да ги испереш твоите валкани пари. Го памтиш штандот за лимонада? Го поставуваш повторно, ама сега не е важно колку клиенти имаш, затоа што ти можеш да си ја купиш твојата лимонада. На крајот на денот и кажуваш на мајка ти дека си продал 100 лимонади и мајка ти те носи во продавница и бум…Време е за “PS5”.

И горе доле, тоа е еден прост пример за перење на пари.