БизнисПопуларно

Цените на становите во Скопје, по четири години раст, за прв пат се намалија!

Во првиот квартал од оваа година, становите во нашиот главен град поскапеле за 4,7 проценти на годишно ниво, а сега бележат пад од 0,8 проценти во однос на претходниот квартал.

Ова го покажува Индексот на цените на станови на Народната банка.

Потсетуваме, ова е прво квартален пад на цените на становите по четири години.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Северна Македонија, за МИА изјави смета дека цените на становите кои подолг период бележат постојан раст не се реални, но се очекувани.

Велковски укажа дека е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Добрата работа, според него, е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.