Бизнис

“Ripple” жртва на напад вреден 112 милиони долари

Една од најголемите криптовалути во светот, “Ripple”, по позната по берзите како $XRP, беше жртва на хакерски напад во кој беа украдени 112,5 милиони долари или 213 милиони XRP.

По извесно време стана јасно дека парите се украдени од само еден акаунт кој му припаѓа на ко-основачот на “Ripple”, Крис Ларсен.

Тој изјави: “Станува збор за не авторизиран пристап до неколку од моите лични акаyнти(не Ripple). Бевме брзи во препознавање на проблемот, и ги известивме крипто берзите да ги замрзнат адресите. Исто така и полицијата е запознаена со ситуацијата”.

Крис Ларсен – Ко-основач на Ripple

Иако им беше најавено на берзите да ги замрзнат крипто адресите, одреден дел од парите сепак успееја да се исперат на најголемите крипто берзи како Binance, Gate Mexc меѓу другите што сега ги вмешува и нив во ситуацијата.

Основачите на Ripple беа брзи за да ги уверат своите корисници дека не станува збор за напад на нивниот блокчејн туку е изолиран случај во кој е наштетен само паричникот на Ларсен кој што не бил поврзан со Ripple.

“Ова е изолиран инцидент, паричниците на Ripple не се, а и никогаш не биле во опасност.Имаме потврдено дека целото украдено XRP веќе е конвертирано во друга валута. Работиме со надлежните и ни е кажано дека поголемиот дел од парите се веќе замрзнати и дека остатокот агресивно се бара”

По вестите, разбирливо имаше пад на вредноста на $XRP, но доста изненадувачки, се стабилизираше цената и во задните 24 часа е падната само 1,6%