ВестиПопуларно

Австријка тешко повредена на скијање на Шапка, евакуирана со хеликоптер

Жена од Австрија, која била повредена на скијање на Шапка и евакуирана со хеликоптер вчера, е во добра здравствена состојба.

Австријката се повредила кај Орлов Камен, а бидејќи претходно имала операција на р’бетниот столб, била префрлена во Скопје со хеликоптер.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов бил во директна комуникација со спасувачите. Тие го известиле дека на жената и била пружена прва помош.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.