ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од Хрватска: Луѓето одвај одат! Дете падна во шахта, се е под вода!

Промена на времето зафати поголем дел од Хрватска, а обилниот дожд најмногу проблеми предизвика во Далмација. Поплавени се улици во Задар, Макарска, Сплит и Дубровник.

Силно невреме со пороен дожд денеска ја погоди дубровничко-неретванската жупанија и предизвика поројни поплави, а градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови за време на невремето.

Началникот на пожарната жупанија Стјепан Симовиќ истакна дека пожарникарите во Дубровник до 13 часот забележале повеќе од триесет интервенции.

„Сите пожарникари се на терен. Имаме дваесетина интервенции во долината на Неретва. Утрово имавме четири интервенции во Корчула и Пељешац, а две на дубровничкото крајбрежје. Во Жупа Дубровник и Конавле ситуацијата е помирна. Ова ќе потрае. Поројниот дожд секогаш создава проблем со поплави. Возењето треба да се избегнува бидејќи се создаваат големи метежи, што ни ја отежнува интервенцијата.

Поради големото количество врнежи во Дубровник поплавен е Страдун како и голем број градски сообраќајници, а одрони се забележани и на јадранската магистрала. Страдун сепак е преплавен со туристи, а на нив како да не им пречи, па шетаат низ длабоки води, пренесува Дубровник Хералд.

Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да не излегуваат од домовите.

„Сегашното екстремно количество врнежи ги поплави речиси сите улици во градот. Сите итни служби се на терен. За жал, ова не е сè. Според најавите, во периодот од 15 до 23 часот очекуваме екстремни количини на врнежи кои ќе предизвикаат бројни проблеми, затоа ги замолувам сите сограѓани да не излегуваат ако не мора“, истакна Франковиќ и ги повика граѓаните да го заштитат својот имот.

Дежурните служби ќе вложат максимални напори да помогнат во испумпувањето на водата од зградите, но со вакви крајности не е можно целосно да се реши проблемот со поројните поплави, посочи тој.

Државниот хидрометеоролошки завод за подрачјето на Дубровник издаде портокалово предупредување за грмежи со пороен дожд и невреме, кое е во сила до полноќ.