ВестиПопуларно

Бајден: “Путин е к*чкин син”! Еве како на тоа одговори рускиот претседател

По изјавата на Џо Бајден дека Путин е кучкин син, реагираше Кремљ, а потоа и самиот руски претседател.

„Подготвени сме да работиме со кој било претседател. Но, јас верувам дека за нас Бајден е попосакуван претседател и судејќи според тоа што тој го кажа, јас сум апсолутно во право. Бајден не може да ми каже: „Волоѓа (прекар за Владимир), ти благодарам, браво, многу ми помогна. Ме прашавте што е подобро за нас. Тоа го кажав тогаш и сè уште го мислам – Бајден“, рече саркастично Путин на државната телевизија.

Кремљ претходно соопшти дека Бајден ги понижил САД нарекувајќи го Путин „луд кучкин син“ за време на вчерашната кампања за собирање средства во Сан Франциско.