ВестиПопуларно

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

Американскиот претседател Џо Бајден денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е одговорен за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Џо Бајден беше брз да даде изјава за смртта на Навални кажувајќи „Нема сомнеж дека Путин е одговорен за смртта на Навални. Немојте да се лажете. Путин не само што напаѓа граѓани во други земји, како што гледаме во Украина, туку тој исто така прави ужасни злосторства против својот народ.“

Бајден на конференцијата за новинари во белата куќа кажа дека е изненаден и дека е бесен поради смртта на Навални.

Исто така додаде дека Америка не знае што точно значело ова но дека нема никаков сомнеж дека смртта на Навални е „последица на нешто што Путин и неговите разбојници ја имаат направено“ како што кажува Бајден.

Останува да видиме дали Путин ќе има реплика на овие набедувања од страна на Бајден.