ВестиПопуларно

Бизарна одлука: Момчето и го осакатило лицето со киселина! Поминала низ пекол поради него, а потоа донела одлука која ги шокирала сите!

Берфин Озек се омажила за Касим Озан Селтик, човекот кој ѝ фрли киселина во лице пред две години откако раскинале.

По нападот, Берфин преживеа тешки повреди, вклучително и речиси целосно губење на видот на едното око.

Касим бил уапсен, но набрзо почнал да ја моли за прошка и преку СМС пораки да и ја признава љубовта.

На изненадување на многумина, Берфин попуштила пред неговите молби и решила да ја повлече тужбата, иако подоцна ја сфатила својата грешка и се обидела да ја обнови тужбата.

Судот во турската провинција Хатај го осуди Касим на 13 и пол години затвор.

Сепак, поради промена на законот предизвикана од пандемијата, Касим беше пуштен на условна казна по одлежување помалку од две години.

По ослободувањето, Касим ја запросил Берфин, а таа прифатила, пишува “NY Post”.

Тие брзо закажале датум и се венчале, што предизвикало негодување во јавноста. Таткото на Берфин, Јашар Озек, изјави дека со години се борел за неа и дека е разочаран од нејзината одлука.

Адвокатот Рамазан Ердоган објаснил дека Касим технички допрва треба да го отслужи остатокот од казната во затвор, но тој бил на отпуст поради пандемијата.

Одлуката на Берфин да се омажи за човекот кој ѝ предизвикал толкава физичка и емоционална болка шокираше многумина во земјата.

Младенците допрва треба да одговорат на острите критики кои ги добија на социјалните мрежи.

Едно лице го нападна Озек велејќи: „Ако ме прашаат која е најглупавата личност на светот, ќе одговорам со именување на оваа жена. Следниот пат овој човек ќе ја одере жива“.

Друг напишал: „Нејзиното простување не требаше да спречи да биде казнет. Срамота е, се надевам дека не, но овој брак ќе заврши за месец-два и кутрата жена ќе остане со бруталноста што ја доживеа“.