ВестиПопуларно

Богородица и Евзони повторно работат: Нормализиран сообраќајот по пожарот на грчка страна

Граничниот премин Богородица е повторно отворен и нормално функционира, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Македонскиот граничен премин заедно со грчкиот премин Евзони изминатите неколку часа беше затворен поради пожар на грчка страна.

Да потсетиме, нешто по пладне избувна пожар на тревна површина во близина на граничниот премин Евзони во Грција. Во гаснењето на пожарот интервенирале 39 пожарникари со две пешадиски екипи, 12 возила и еден хеликоптер.

Грција денеска и утре минува низ најтешките 48 часа топлотен бран, а се очекува температурите да достигнат и до 43 Целзиусови степени во некои делови од земјата. Властите се во зголемена готовност и поради шумските пожари, кои секое лето ја оптоваруваат Грција, пишува „Катимерини“.