ВестиПопуларно

„Вампирот од Домодедово“ на слобода: Бруталниот убиец и силувач ослободен од затвор и никој не знае каде е

Бруталниот убиец и силувач Јон Продан е ослободен од затвор во Русија. По излегувањето од затвор, Продан, Молдавец, инаку познат како „Вампирот од Домодедово“ , исчезнал во непознат правец и сега се чини дека полицијата повторно ќе почне да трага по него.

Продан беше ослободен од затвор во руската република Мордовија на 20 април, откако отслужи 25-годишна затворска казна. Руските медиуми јавуваат дека по него може да биде распишана федерална потерница.

Докажано е дека Продан убил пет, а силувал седумнаесет лица. Грабежи, понекогаш и силувања често биле поврзувани со убиствата. Повеќето од неговите злосторства ги извршил во пошироката област на Москва.

Своето насилство и убиства Продан ги започнал во средината на 90-тите години кога сопругата и ќерката го напуштиле. Тој, наводно, користел хипноза при средба со жртвите, а најмногу ги убивал со камења и други тешки предмети.

Уапсен е во 1999 година, додека бил во притвор затоа што бил пијан на јавно место.

Интересно е и тоа што неговиот внук Фјодор подоцна извршил серија од четири убиства, а потоа бил осуден на доживотен затвор.

„Откако излегол од затвор, манијакот не се пријавил кај службите и исчезнал. Би можел да биде секаде, а мали се шансите 25 години затвор да го направи подобра личност“, пишуваат руските медиуми.