Вести

(ВИДЕО) “Бев измамен да му дадам на син ми блокатори за пубертет, сега тој е речиси мртов…” – Илон Маск се отвори за проблемите со неговиот син

Неодамна, Илон Маск седна на поткаст со психологот Џордан Питерсон каде што се разговараше на повеќе психолошки теми а Илон Маск одлучи да се отвори за неговиот (тогашен) син Зејвиер и како користењето на блокатори за пубертот придонело тој целосно да го изгуби.

Како што кажа Маск, неговиот тогашен син се родил како хомосексуалец и со благ аутизам. Како што кажа тој “два атрибути кои предизвикуваат родова дисфорија”

Тој продолжи, “Знаев дека е хомосексуалец од четири годишна возраст кога тој ми бираше алишта за на работа и ми кажуваше дека изгледам прекрасно. Исто така имаше голема љубов за театар и мјузикл. Све тоа е во ред. Но тој не беше девојче”

Зејвиер Маск сега се води под името Вивиен Џена Вилсон и идентификува како девојче.

Во разговорот Маск кажа дека за време на Ковид пандемијата имало голема конфузија со родовата еднаквост и некако се сложил да му дозволи на Зејвиер да користи блокатори за пубертет а незнаел дека во суштина тоа е терапија за стерилизација. “Бев измамен, тие се злобни.” додаде Маск.

“Поради тоа го изгубив мојот син и поради тоа ке ги вложам сите напори да го сопрам тоа движење”

Целиот разговор трае скоро 2 часа, доколку сакате може да го погледнете подолу.