ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Го изгубила своето дете во Грција кога имало само 1 година: После 32 години добила повик од маж: „Јас сум твојот син“

Бен исчезнал во Грција пред 32 години. Тогаш имал една година, а кога се јавил човек велејќи дека тој е исчезнатото дете, се сè променило.

На 24-ти јули 1991-ва година, Бен Нидан (роден на 29-ти октомври 1989-та), 21-месечно дете од Англија, исчезнал на грчкиот остров Кос. Откако почетните потраги не биле успешни, се верувало дека е киднапиран. И покрај бројните тврдења за тоа дека е виден, неговото престојувалиште останува непознато.

Во октомври 2012-та година полицијата почнала да следи линија на истрагата која сугерирала дека Бен е случајно убиен и закопан во шут од страна на возач на багер кој работел на полето покрај куќата каде што последен пат бил виден. Британската и грчката полиција направиле опсежно ископување на шутот. Еден предмет кој посебно ја заинтересирал полицијата била играчка, за која се надевале дека ќе ја пронајдат и верувале дека би можела да биде клучна за откривање на судбината на детето. Потрагата не открила никакви човечки остатоци ниту предмети кои му припаѓале на Бен.

Пред кобниот ден, мајката на Бен, Кели мислела дека детето е со своите вујковци. Меѓутоа, набрзо станало јасно дека детето исчезнало. Во текот на полициската истрага постоел сомнеж дека некој од семејството е вмешан во неговото исчезнување, но никогаш не бил пронајден ниеден материјален доказ кој тоа би го потврдил. Сите напори да се пронајде Бен биле залудни.

Во ноември 1998-ма година, еден човек видел русокосо момче на околу 10 години како си игра на плажа на Родос. Човекот рекол дека пријателите го нарекувале детето „русокос“ и дека било единствено светлокосо дете во група на темнокоси грчки деца. Сомневајќи се, ги фотографирал децата и под изговор да му ја исчешла косата, зел примерок за ДНК анализа. Меѓутоа, ДНК тестот покажал дека детето не е Бен, а семејството на детето исто така доставило фотографии од детството за докажат дека тој е нивен син.

Во 2016-та година полицијата се посомневала дека Бен можеби загинал истиот ден кога исчезнал, во несреќа во која бил вмешан локален рудар. Семејството на рударот, меѓутоа, одлучно негирала било каква врска меѓу детето и рударот, оставајќи го случајот нерасветлен.

Низ годините се појавувале различни теории за тоа што се случило со малиот Бен. Неговата мајка Кели секој 24-ти јули, на денот кога исчезнал, чувствува посебна болка и сеќавање на тој немил ден. Во текот на гостувањето на телевизија „ITV“ по повод годишнината од неговото исчезнување, Кели раскажала дека ја контактирал маж кој верувал дека тој е одамна изгубениот син.

„Се убедил сам себе дека тој е Бен. Разни работи се имаа случено во неговиот живот и имаше впечаток дека неговите родители не му се вистински родители. По разговорот со него, почнав и јас да се убедувам дека тој е Бен. Долго размислував за тоа. Сакате да чувате отворен ум, но некогаш е тешко да не дозволите да ве водат чувствата, посебно бидејќи тој човек личеше на него“, рекла Кели.

По барањето за ДНК тест, излегло дека тоа дете сепак не е син на Кели.

„Душата ми се скрши. Колку и да се трудев да направам дистанца, не можев да го одбијам. Иако полицијата го заклучи случајот во 2016-та година, ние и натаму немаме ниеден доказ што се случило со детето. Сè уште работиме на тоа да ја дознаеме вистината“, заклучила Кели.

Октомври 2012-та година

Во октомври 2012-та година полицијата од Обединетото Кралство отпатувала во Грција да го пребара подрачјето за кое верувала дека би можело да содржи останки од Бен Нидам. На 19-ти октомври, грчката полиција, со помош на тим специјалистички советници за пребарување од полицијата на Саут Јоркшир, започнала операција за пребарување на теренот на имот од кој Бен исчезнал.

Операцијата, која вклучувала геофизичка опрема за истражување, форензички археолози и кучиња за детекција на човекови остатоци, започнала откако полициската линија на истрагата покажала дека Бен бил случајно закопан од возач на багер кој одложувал градежен шут во близина. Операцијата не открила никаква трага од детето.

Нови откритија во 2017-та

Во јули 2017-та година, полицијата на Саут Јоркшир објавила дека се пронајдени траги од крв на сандали, како и во внатрешноста во играчка автомобил, а за двата предмети се верувало дека му припаѓале на Бен. Шефот на британската група за форензичка анализа, Лорана Досон, изјавила дека нејзиниот тим открил генетски профил кој укажува на распаѓање на човечка крв на дел од сандали и следеле чекори за екстракција на ДНК од фрагментот за да се утврди чија е крвта. Според инспекторот Џон Казинс, овие откритија дополнително ја потврдиле теоријата според која Бен загинал на денот кога исчезнал и дека е закопан на Кос.