ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Драматична средба со монструм! Морскиот ѕвер ги преплашил рибарите, ги отворил вилиците и загризал!

Џејден Грејс и неговиот пријател ловеле риба во водите на брегот Мулаби во австралиската држава Сончев брег, кога имале драматична средба со голема бела ајкула.

Додека биле во чамецот, забележале огромна ајкула која на почетокот не покажала интерес за нив. Сепак, ситуацијата брзо се променила.

На видеото што го снимиле, Џејден извикува: „Леле, огромна е“, додека ја снима ајкулата под вода. Во меѓувреме, неговиот пријател се обидувал да извади риба, но ајкулата ненадејно ја нападнала!

Ги отворила челустите и ја гризнала страната на чамецот, оставајќи ги рибарите во шок. Џејден потоа извика: „Таа само го гризна чамецот, мислам дека е време да одиме“.

За среќа, ајкулата не продолжила да ги плаши и набрзо исчезнала во длабочините на морето.

Кога се вратиле на брегот, Џејден го покажал „отпечатокот“ на острите заби на бродот и на својот Фејсбук профил го опишал настанот како „незаборавен“.

Тој исто така забележал дека ајкулата била долга најмалку пет метри, што ја прави најголемата што ја видел во животот. Нивното искуство привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Напишете коментар