ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Дупка „проголта“ мало девојче, а потоа по неа скокна храбар полицаец: Во последен момент беше спасена

На платформата ItemFix објавено е драматично видео од спасувањето на девојче од тесна дупка, иако нема информации кога е снимено, и каде.

Група полицајци се подготвуваат за акција, а еден од нив го соблекува појасот и ја става главата во дупката. Колегите го фаќаат за нозе и го спуштаат што подлабоко.

Неколку моменти подоцна детето било извлечено на површина, а судејќи по ширината и длабочината на дупката, голема е веројатноста дека ќе загинело доколку останело подолго внатре.

Храбриот полицаец и го предал девојчето на нејзината мајка, но не знаеме што се случило потоа бидејќи видеото се прекинува.

Неодамна пишувавме за трагичен случај на Флорида, кога огромна дупка проголта човек, заедно со дел од неговата спална соба.