ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Од неговата ладнокрвност ќе ви замрзне крвта во вените: Момчето убиец го слушна обвинението

Момчето Колт Греј (14), кое е осомничено за убиство на две деца и двајца професори во средно училиште во Џорџија, се појави пред судот каде што точно му беше кажано за што се товари.

„Добро утро, господине. Дали сте Греј Колт“, го прашал судијата момчето.

„Сакам да ве информирам за обвиненијата со кои моментално се соочувате. Во основа, вие сте обвинети за четири убиства, како што е наведено во документите што се поднесени против вас“, му рекол судијата на Греј.

Откако го известил за обвинителниот акт, судијата му се обратил на судскиот чувар.

„Можете да го придружувате обвинетиот“, рекол судијата, по што Греј бил вратен во притвор.

Интересно е што малолетникот бил целосно мирен при оваа постапка.

@cnn

Colt Gray, the 14-year-old school shooting suspect, appeared in court for a brief hearing for his alleged role in the deadly shooting that left a small north Georgia community grieving the loss of two students and two teachers. #cnn #news #Georgia

♬ original sound – CNN

Инаку, момчето во судот се појави со лисици на рацете и стапалата, кои беа поврзани со синџири кои му беа ставени околу половината.

Да потсетиме, Колт Греј на 4 септември уби четири и рани девет лица во напад во средното училиште Апалачи во Виндер, во американската држава Џорџија.

Полицијата веднаш по нападот го уапсила во Греј.

Како што беше соопштено следниот ден, тој беше обвинет за четири убиства и ќе му се суди како полнолетен. Му се заканува доживотен затвор.

Американските медиуми наведуваат дека Греј бил опседнат со претходни масовни убиства во училиштата во САД, вклучувајќи го и убиството во Паркленд, Флорида, кога Николас Круз уби 17 луѓе во училиштето во февруари 2018 година.

Греј веќе му е познат на ФБИ поради заканите кои ги упатувал, а полицијата го истражува мотивот за нападот.

Во меѓувреме, уапсен е и неговиот татко Колин Греј (54) кој на својот син му купил пушка иако знаел дека е закана за себе и за другите. Таткото беше обвинет за убиство од втор степен, а доколку биде осуден по сите точки од обвинението, му се заканува казна затвор од 180 години.

Интересно е што проблеми со законот имала и мајката на тинејџерот убиец. Минатата година против неа беше распишана потерница поради поседување на забранети материи, како и за употреба на лажни сообраќајни таблички.