ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Се сеќавате ли на полицајката Вера која танцуваше во скутот на својот шеф? Не добила отказ поради …

Пред три години таа се најде на насловните страници откако протекоа снимки од луда забава. Не ја санкционирале, а поручникот на кого му танцувала бил префрлен. Но, Вера создаде нов инцидент

Таа е млада, а тој е поручник, тој требаше подобро да знае, грмеше пред три години таткото на тогаш 26-годишната њујоршка полицајка Вера Мекули, која заврши на насловните страници по бурната забава. На неа таа пркосно танцуваше во скутот на нејзиниот шеф во Бронкс.

Направи нов инцидент

– Ми рече: Тато, згрешив, срам ми е што те посрамотив тебе и семејството, изјави таткото на полицајката која беше под истрага, како и оженетиот поручник во чиј скут танцуваше во развратна партија. Таа тогаш рече дека тоа требало да биде шега.

– Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек – рекла полицајката која не била санкционирана по истрагата, а поручникот со кој танцувала е префрлен.

– Вообичаено сум душа на секоја забава, веќе беше доцна и колегите ме повикуваа да танцувам во нечиј скут. Го фатив поручникот за рака, го седнав и заиграв. Тоа е сè. Да направеше нешто слично од маж, немаше ни да се сними, ниту ќе протечеше или станеше вирално – се бранеше Вера.

Иако поради тоа не добила отказ, таа не издржала долго во полициските сили. По две години била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне откако бил запрен поради возење пијан. Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси откако го уапсија нејзиниот девер и тврдеше дека не ја завршиле добро работата.

Како што тогаш објавија американските медиуми, таа следното утро боса влегла во станицата и извикала дека е полицајка. Барала веднаш да и кажат зошто е уапсен нејзиниот девер. Истрагата покажала дека тие направиле се по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.