Вести

(ВИДЕО) Украинците освоија руски град, па објавија видео: „Местото е под наша контрола“

Припадниците на 99-от баталјон на украинската 61-ва бригада објавија видео од, како што велат, рускиот град Суџа во областа Курск.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се забележат украински војници како стојат пред канцеларијата на рускиот енергетски гигант Газпром.

„Поздрав од градот Суџа. Имаме вести – градот е под контрола на вооружените сили на Украина

„Градот е мирен. Сите куќи се недопрени. Стратешкиот објект на Газпром во Суџа е под контрола на 99-тиот баталјон на 61-та бригада. Ви посакуваме мирно небо. Слава на Украина!“